Интер има два пораза во последните три рунди од Серија А и заостанува два бода зад водечкиот Наполи, а тренерот Симоне Инзаги сега ќе мора да се снаоѓа без помошта на првиот голман Јан Зомер.
Швајцарскиот ветерaн се пожали на повреда, а деталнте прегледи утврдија дека станува збор за скршеница на палецот. Зомер беше опериран во текот на денешниот ден и веќе од следната седмица ќе ја почне рехабилитациската програма, а според првите информации неговата пауза од терените ќе изнесува најмалку три седмици.
Ова значи дека тој ќе го пропушти дуелот од четвртфиналето на Купот на Италија против Лацио, големо дерби за титулата против Наполи, како и првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите, на гостувањето во Ротердам против Феенорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

