Интер ќе биде значително ослабен на претстојниот дерби дуел со Јувентус откако лекарскиот тим на „нероаѕурите“ ги објави резултатите на деталните прегледи врз Федерико Ачерби.
Искусниот дефанзивец мораше да биде заменет уште во првото полувреме од неделното дерби со Рома, деталните прегледи покажаа дека повредата на мускулот не е премногу сериозна, но Ачерби сепак ќе мора целосно да мирува најмалку седум дена, што значи дека дефинитивно ќе го пропушти дуелот со Јуве.
Инзаги се надева дека ќе го има овој фудбалер на раполагање за гостувањето против Емполи на 30 октомври, или за наредниот домашен меч со Венеција.
Повреда во првото полувреме против Рома заработи и Хакан Чалханоглу, кој исто така ќе мора да паузира околу две седмици и дефинитивно нема да биде во комбинација за настап против Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА