Интер останува без голман: И Зомер бара дозвола да замине во Галатасарај

Интер би можел да остане без првиот голман Јан Зомер, кој што наводно изразил желба да му се приклучи на Галатасарај. Ова е исто сценарио како Хакан Чалханоглу, кој ги моли челниците на „нероазурите“ да го пуштат да замине кон Истанбул, а прв со реакција се јави капитенот Лаутаро Мартинез после елиминацијата од Светското клупско првенство.

Галатасарај е без голман, откако легендата на клубот Фернандо Муслера го напушти клубот после повеќе од една деценија верност. Турскиот тим во Зомер гледа идеална замена за Уругваецот, а и самиот чувар на мрежата изразил желба да замине во овој тим.

Тоа би значело уште еден проблем за европскиот вицепрвак, односно дека треба да бара нов голман во случај Швајцарецот да биде пуштен да го реализира овој трансфер.

Зомер дојде во Интер во 2023 година како замена за Андре Онана, кој замина во Манчестер Јунајтед, и веднаш по првата сезона ја освои титулата во Серија „А“, а оваа година играше и во финалето во Лигата на шампионите, кое Интер го загуби од ПСЖ со убедливи 5-0.

Се вчитува...