Интер комплетираше уште еден трансфер, откако „нероаѕурите“ успешно ги финализираа преговорите со Сасуоло за ангажман на италијанскиот играч за врска, Стефано Сенси. Челниците на Интер ќе платат пет милиони евра за едногодишна позајмица на 23-годишниот фудбалер, кого следното лето ќе можат да го откупат за дополнителни 20 милиони евра.
„Среќен сум од направениот избор, горд сум што стнаувам член на Интер. Очекувам да имам одлична сезона“ – изјави Сенси по потписот на договорот со „нероаѕурите“.
Интер на идентичен начин минатото лето го доведе Матео Политано од Сасуоло, кој се покажа како одлично засилување, па летово беше целосно откупен неговиот договор со овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА