Интер на домашен терен најпрво губеше од Монца, па на крајот победи со голем пресврт. Сензационално гостите се стекнаа со предност од 0-2 до 44. минута, меѓутоа на крајот мораа да се помират со поразот.
Бириндели во 32. минута првпат ги шокираше „нероазурите“, а потоа кога Балде погоди во 44. минута, сите сметаа дека Монца може да дојде до сензација.
Сепак, Арнаутовиќ во првата минута од судиското надополнување успеа да намали, и да ја врати надежта. Чалханоглу во 64. минута донесе израмнување со убав гол. Автоголот на Кијриакопулос го донесе пресвртот. Топката за само 2-3 сантиметри заврши зад гол линијата. На крајот Интер можеше да слави и поубедливо, ако Турам наместо во стативата, погодеше во празниот гол на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

