Интер го декласираше Комо со 4-0 нанесувајќи му го само вториот пораз сезонава на тимот на Цеск Фабрегас, фудбалерите на „нероаѕурите“ беа презадоволни по последниот судиски свиреж, но истото не се однесуваше и за тренерот Кристијан Киву.
Романскиот стратег изненади многумина со изјавата веднаш по мечот дека е задоволен од конечниот исход, но не и од играта на својот тим.
„Освоивме три бода и тоа е најважно, но ако говорам за играта можам да кажам дека очекував многу подобро издание од наша страна. Можеби потрошивме премногу енергија во пресингот во првото полувреме, ова беше меч на агресија, повремено и на квалитет. Сакав подобро да ја движиме топката, да ги користиме каналите меѓу нивните линии. Во првото полувреме се мачевме, во вториот дел бевме многу подобри. Како што реков, среќен сум од резултатот, но се покажаа работи на кои ќе треба да тренираме за да бидеме уште подобри во иднина“, истакна Киву.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

