Интер победи во трката за „италијанскиот бисер“ – Среќен сум што сум во Милано

Еден од најбараните млади италијански фудбалери Николо Барела конечно пристигна во Милано, каде кариерата ќе ја продолжи во Интер. „Нероаѕурите“ се договориле со екипата на Калјари младиот фудбалер да пристигне на „Џузепе Меаца“ за сума од 45 милиони евра.

„Јас сум многу среќен што сум во Милано“, накратко изјави Барела по пристигнувањето во Милано.

22-годишниот фудбалер од средниот ред минатата сезона одигра 38 натпревари за Калјари на кои постигна еден погодок и забележа четири асистенции. Беше дел и од репрезентацијата на Италија на Европското првенство до 21 година каде беше стрелец на еден гол, а веќе има забележано седум натпревари и два гола за А тимот на „Аѕурите“.

Се вчитува...