Интер подготвен да му понуди на Дибала плата од 7 милиони евра годишно

Играчот на Јувентус, Паоло Дибала летово ќе стане слободен агент, и ќе има нов клуб. Најблиску до неговите услуги е Интер, кој што е заинтересиран да го донесе Аргентинецот во своите редови.

Клубот од Милано е веќе во преговори со 28-годишниот играч, и подготвен е да му понуди тригодишен договор со плата од 7 милиони евра годишно, или вкупно 21 милиони, плус бонуси.

На 24 натпревари сезонава, Дибала има 8 гола и 5 асистенции. Аргентинецот веќе долго време се поврзува со трансфер во друг клуб, а сега и дефинитивно заминува и ќе има нов клуб. Освен Интер, за него се интересира и Милан.

Се вчитува...