Интер подобар од Фросиноне

Интер го совлада Фросиноне со 1-3 на гости и се зацврсти на третата позиција на табелата во Серија А со 60 освоени бода. „Нероаѕурите“ поведоа со голот на Раџа Наинголан во 19.минута, а пред крајот на првиот дел Иван Перишиќ од пенал зголеми на 0-2.

Франческо Касата ја врати надежта за Фросиноне во 61.минута, но Матијас Весино во судиското продолжение ја запечати победата на Интер на овој меч.

Се вчитува...