Италијанскиот калчолигаш Интер се обидува да ја разреши ситуацијата со аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди. Тој сака да замине, но Интер не би дозволил да замине без да извлече максимална корист од неговиот трансфер. Раководството на „нероаѕурите“ го понуди Икарди на англискиот премиерлигаш Арсенал, а во спротивна насока побара да пристигне Пјер – Емерик Обамејанг. Сепак, оваа размена нема да се случи.
Икарди одби да замине на „Емирати“ затоа што Арсенал во новата сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите. И понатаму Јувентус и Наполи се главни фаворити за потписот на контроверзниот напаѓач на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА