Италијанскиот фудбалски гигант Интер се пофали со заработка од 567 милиони евра во изминатата финансиска година, како утеха за разочарувачката сезона во која „нероаѕурите“ имаа шанса да освојат триплета, но загубија во финалните натпревари.
Финансискиот извештај за сезоната 2024/25 покажува заработка која е за 94 милиони евра повисока во споредба со претходната сезона и тоа воедно претставува рекрод по заработка во италијанскиот фудбал кој се должи на приход од домашните и европските натпреварувања, како и учеството во првото проширено издание на Светското клупско првенство, но и од спонзорства.
Претходниот рекорд беше во сопственост на Јувентус кој во првата година на Кристијано Роналдо забележа заработка од 464 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

