Поразот од Монца во 30. коло од Серија А повторно го стави тренерот Симоне Инзаги во позиција да стравува за своето место во тимот. Италијанскиот стратег ја преживеал ноќта по неколкучасовниот разговор со раководството на тимот, но постои ултиматум за иднината, пренесуваат италијанските медиуми.
Истиот се темели на следниот натпревар во Лигата на Шамионите против Бенфика во кој евентуален пораз кој би го елиминрал италијанскиот тим од најсилното фудбалско натпреваруање ќе значи и дефинитивен крај на соработката која трае од мај 2021 година.
Инзаги има за што да стравува бидејќи неговиот тим игра катастрофално во последните три натпревари на „Џузепе Меаца“. Интер не знае за победа, а притоа не успеава да ја затресе и противничката мрежа со што дојде до историски неуспех.
Во четвртфиналниот реванш против Португалците кој е закажан за 19.04 Интер ќе чува предност од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА