Интер потопен во „поплавата“ во Болоња

Интер загуби нови бодови во трката за второто место во Калчо-лигата откако „нероаѕурите“ загубија со 1-0 на гостувањето против Болоња. Тешките услови за игра, пред се во првото полувреме, не дозволија фаворитот да влезе во посакуваниот ритам на овој меч, па Орсолини со еден гол го реши победникот на „Ренато Дал Ара“.

Болоња беше подобар противник во првото полувреме, во кое домашниот тим создаде многу повеќе во противничкиот шеснаесетник, постигна и еден гол што беше поништен со ВАР, а еднаш ја погоди и гредата од голот на Онана.

Интер се закани во вториот дел, при 0-0 убави шанси пропуштија Лукаку и Џеко, пред Орсолини маестрално да се снајде и со прецизен удар да го матира голманот на „нероаѕурите“.

Се вчитува...