Кристијан Ериксен сериозно размислува до крајот на сезонава да го има својот камбек на фудбалските терени, неколку месеци по избегнатата трагедија откако данскиот ас преживеа срцев удар на теренот за време на мечот од ЕВРО 2020 против Финска.
Врз него во изминатиот период биле извршени детални испитувања кои го зголемиле оптимизмот кај Ериксен, но тој дефинивитно нема да може да се врати на терените во дресот на Интер. Причина – строгите италијански закони со кои им се забранува на спортисти кои имале срцев удар повторно професионално да се занимаваат со спорт.
„Ериксен е решен повторно да игра фудбал, а и резултатите од последните прегледи се дополнително охрабрување за него. За жал, ситуацијата е таква што тој нема шанси да заигра повторно во Италија, поради законите во нашата држава“, брифираат од раководството на Интер за италијанските медиуми.
Неговиот поранешен клуб Ајакс искажа интерес да го доведе Ериксен во своите редови, со оглед на фактот дека во Холандија нема закон сличен на италијанскиот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА