Интер потврди – Конте ти благодариме за се!

Италијанскиот шампион Интер, потврди дека Антонио Конте повеќе не е тренер на клубот. „Нероаѕурите“ му се заблагодарија за времето поминато на „Џузепе Меаца“ велејќи дека искусниот тренер вечно ќе остане запишан во историјата на клубот.

„Интер потврдува дека е постигнат договор за раскинување на договорот со Антонио Конте. Од клубот му се заблагодаруваме што не одведе до 19. титула во Серија А. Тој ќе остане вечно запишан во историјата на нашиот клуб“, стои во соопштението на Интер. 

 

Се вчитува...