Интер конечно ги договори условите за трансферот на Николо Барела од Калјари, триумфирајќи во трката со Рома по младинскиот италијански репрезентативец. „Нероаѕурите“ веќе извесно време имаа договор со фудбалерот, но Калјари упорно инсистираше на негова преселба во Рома бидејќи „волчицата“ понуди многу подобри услови од Интер.
Во изминатите седум дена се водеа интензивни преговори меѓу челниците на Интер и на Калјари, за на крајот конечно да биде постигнат целосен договор. Интер се согласи да плати 40 милиони евра, плус дополнителни пет милиони преку неколку клаузули, по што клубот од Сардинија даде зелено светло за комплетирање на трансферот.
По засилувањето на одбраната (со Диего Годин) и средниот ред, сега на директорот Марота му останува само уште да го освежи нападот на „нероаѕурите“. Желбата на Конте е јасна – Ромелу Лукаку, се водат и преговори со Рома за Един Џеко, а доколку и двајцата пристигнат на „Џузепе Меаца“ нема сомнеж дека Интер ќе има многу поконкурентен состав во однос на претходните години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА