Интер преку Торино го разби „малерот“ и се врати на победничките патеки (ВИДЕО)

Интер се врати на победничките патеки откако на домашен терен го совлада тимот на Торино со 1-0 во рамки на 6-то коло од Серија А.

Двата тима во првото полувреме пристапија тврдо и дефанзивно, со особено претпазливост на средината од теренот. „Нероаѕурите“ покажаа бледа слика, па на пауза заминаа без шут во рамките на голот на противникот.

Во вториот дел Лаутаро направи голема разлика на теренот, го имаше на секоја педа од теренот, дополнително во неговата пожртвуваност му помогна Самир Хандановиќ, кој дефинитивно го спаси својот тим од пораз, откако забележа неверојатни интервенции на својот гол. Тимот од Милано успеа да слави во последните минути од мечот, Брозович постигна гол за ерупција на трибините и враќање на неговиот тим кон победите.

 

 

Се вчитува...