Интер продолжи да „гази“, Лече немаше шанси (ВИДЕО)

Интер ја врати бодовната разлика на врвот откако го совлада Лече на домашен терен со 2-0. Со тоа остана со четири бода предност на врвот на табелата.

Бисек во 43. минута од средбата донесе предност за Интер по асистенција на Чалханоглу. Во 78. минута Барела стрелаше во мрежата на Лече, по магичната асистенција на Арнаутовиќ, кој со петица го пронајде својот соиграч. Лече го заврши мечот со 10 играчи, откако исклучен беше Банда.

Триумф оствари и тимот на Верона над Каљари. Откако остана со играч помалку гостинот, домашните поведоа со голот на Нгонге во 53. минута, за Ѓуриќ стави точка на победата во 90. минута од средбата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...