Интер против историјата: Без скалпот на Милан или Јувентус нема Скудето

Интер има уште една отежнителна околност во обидот да стигне до ново Скудето по вчерашниот пораз во дербито против Јувентус од 1-0 бидејќи во продолжението од сезоната ќе игра и против историјата.

Јувентус „ја спушти завесата“ во Торино, а доколку судиме по традицијата која вели дека ниту еднаш Интер не ја освоил титулата без победа над Милан или Јувентус во првентвото „ја спушти завесата“ и за одбрана на титулата.

Фаворизираниот Интер киксна против најмладиот тим на Јувентус по сезоната 1994/95, киксна и во првиот меѓусебен натпревар сезоната во која избрниците на Инзаги ја имаа победата во раце, но по голема битка торинскиот клуб се избори за реми од 4-4, а киксна и во дуелите против градскиот ривал Милан забележувајќи порази реми.

По поразот во дербито на 25. коло Интер останува на втората позиција на табелата со 54 освоени бода, два помалку од лидерот Наполи. „Нероаѕурите“ оваа сезона не се прославија против тимовите кои се меѓу првите шест позиции на табелата, па затоа со нетрпеливост се очекува средбата против лидерот на самиот почеток на месец март.

Се вчитува...