Интер останува да се бори за двата трофеи во Италија, откако вечерва се пласираше во полуфиналето на Купот со победата над Рома предводена од Жозе Мурињо со 2-0.
Џеко уште во 2. минута донесе водство за домашниот тим, и експлозија на „Џузепе Меаца“. Рома не покажа ништо на ова гостување, немаше ниту една посериозна шанса. Веднаш по голот на Џеко, Барела ја погоди пречката.
Во вториот дел се закани Оливеира од Рома, но Хандановиќ одбрани, а потоа прекрасен гол на Алексис Санчез за водство на Интер од 2-0 за конечен триумф и пласман меѓу најдобрите четири во Купот на Италија.
Пред натпреварот Жозе Мурињо имаше специјален дочек од навивачите на Интер, кој не ја забораваат тројната круна во 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА