Интер реди победи во Калчо-лигата

Интер се зацврсти на чело на калчолигашката табела откако „нероаѕурите“ забележаа триумф од 0-2 на гостувањето против Кремонезе.

Фаворитската улога беше рутински оправдана, а победата осигурана уште во првото полувреме во кое Лаутаро Мартинез стрелаше прецизно за 0-1, пред Зиелински да зголеми на 0-2.

Кремонезе се обиде да се врати, во второто полувреме домаќините стрелаа во дирекот, но Интер рутински го приведе мечот до крај и ги освои планираните бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...