Интер на рутина го доби натпреварот против Лацио во 1/4 финалето на италијанскиот Куп, и обезбеди пласман во полуфиналето, каде ќе игра против лутиот ривал Милан за пласман во големото финале. Интер вечерва на свој терен го победи Лацио со 2-0, во меч во кој не „блескаа“ нероазурите, но на крајот успеаја да дојдат до победата.
Триумфот го најави Марко Арнаутовиќ со прекраен гол во 39. минута од средбата. По изведен корнер, топката стигна до Австриецот, кој од прва погоди во голот на гостите.
Во вториот дел Лацио се обиде да израмни, но откако не успеа, стигна и казната. Пенал досуден за Интер кој прецизно го реализираше Чалханоглу, со што стави точка на победата на домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

