Интер сака да го доведе Дани Алвеш

Италијанскиот калчолигаш Интер го посакува во своите редови бразилскиот интернационалец Дани Алвеш. Тој по двегодишна соработка одлучи да си замине од ПСЖ и да побара нов предизвик, а „нероаѕурите“ му нудат да се врати во Италија, каде во минатото го носеше дресот на Јувентус.

Новиот тренер на Интер, Антонио Конте, одлично ги познава квалитетите на Дани Алвеш и посакува да има искусен фудбалер во тимот кој знае како се освојуваат трофеи. Бразилецот е еден од најтрофејните фудбалери во новата ера.

За Дани Алвеш се интересираат и клубови од Премиер – лигата, Вест Хем и Њукасл.

 

Се вчитува...