Италијанскиот калчолигаш Интер планира да биде голема конкуренција на Јувентус во трката за шампионската титула во Серија А оваа сезона. По ангажманот на Ромелу Лукаку и на Алексис Санчез, раководството на клубот посакува уште еден фудбалер од „Олд Трафорд“ кој би дошол во зимскиот преоден рок.
Тренерот Антонио Конте има голема желба во тимот на „нероаѕурите“ да го види Немања Матиќ, српскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед. Италијанскиот стратег смета дека со Матиќ во составот Интер би ја добил потребната цврстина во средниот ред и би можел да ја добие битката со Јувентус за „скудетото“.
Интер е подготвен да плати 50 милиони фунти за услугите на Немања Матиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА