Интер сака да го „врзе“ Лаутаро Мартинез до 2026 година

Италијанскиот калчолигаш Интер успеа да одолее на интересот на Барселона за аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез. Голгетерот на „нероаѕурите“ беше во сериозни преговори за преселба на „Камп Ноу“, но Барселона сепак не ја плати отштетната клаузула која изнесуваше 110 милиони евра.

Интер сега сака да го „врзе“ Лаутаро Мартинез со нов шестгодишен договор и да го зацврсти неговото место на „Џузепе Меаца“. Неговиот актуелен договор има важност до 2023 година, но и клаузула дека може да замине доколку заинтересираните клубови платат преку 100 милиони евра. Во новиот договор, отштетната клаузула би била многу повисока и недостижна за најголем број од европските клубови.

Се вчитува...