Италијанскиот калчолигаш Интер доби огромна финансиска инјекција од Кина со новите сопственици, па може да си ги дозволи дури и најскапите европски ѕвезди, тврди раководството на клубот. Директорот Пјеро Аусилио истакна дека „нероаѕурите“ можат да си го дозволат и Кристијано Роналдо.
„Новите кинески сопственици можат да си ги дозволат и најголемите ѕвезди како Кристијано Роналдо. Но, сепак, вистината е дека клубот мора да работи според финансискиот ферплеј, затоа што сите се под мониторинг на УЕФА“, изјави директорот на Интер.
Како нови потенцијални засилувања на Интер за следната сезона се најавуваат дефанзивецот Пепе од Реал Мадрид, Коста Манолас од Рома, како и Анхел Ди Марија од ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА