Играчот од средниот ред на Интер, Артуро Видал даде дозвола на своите менаџери да преговараат со Фламенго. Видал кај Симоне Инзаги има се помала улога. Со оглед дека е еден од најплатените во клубот, Интер би немал ништо против уште во летниот преоден рок да замине од клубот.
Чилеанецот има договор до 2023 година, но во клубот се подготвени да го пуштат за минимална отштета.
34-годишниот Видал сака договор до 2024 година со бразилскиот тим. Досега играше за Коло-Коло, Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн, Барселона, а во последните две сезони е во Интер. За Чиле собра 133 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА