Интер нема да го ангажира левиот бек на бундеслигашот Волфсбург, Рикардо Родригез оваа зима, иако се најавуваше неговото доаѓање во тимот на Стефано Пиоли.
Имено, клубот од „Џузепе Меаца“ понудил позајмица со право на откуп на неговиот договор на крајот на оваа сезона, но тоа било експресно одбиено од „волците“. Родригез е еден од најдобрите фудбалери на Волфсбург во изминатите неколку сезони и за негов ангажман интерес постои од неколку екипи, но сигурно е дека тимот од Германија нема лесно да се откаже од неговите услуги во овој зимски преоден рок.
„Нероаѕурите“ играат одлично во последниот период, иако имаа катастрофален старт на сезоната, а очигледно е дека Пиоли успеа да ги склопи коцките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА