Манчестер Сити официјално го објави трансферот на Мануел Аканџи во Интер. Според „Скај Италија“, швајцарскиот репрезентативец првично ќе игра како позајмен играч за „нероаѕурите“, по што гигантите од Милано ќе бидат обврзани да го откупат. Цената за позајмицата е 1 милион евра, а по една година Интер ќе плати уште 15 милиони.
Кристал Палас и Милан исто така беа заинтересирани за искусниот централен дефанзивец, кој, сепак, го избра финалистот на последното издание на Лигата на шампионите.
Манчестер Сити го потпиша Аканџи од Борусија Дортмунд во 2022 година и оттогаш има 136 настапи за клубот. Минатата сезона имаше 40 настапи за тимот на Пеп Гвардиола во сите натпреварувања. Аканџи освои две титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство (во претходниот формат), ФА Купот и Комјунити Шилд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

