Интер се „сопна“ на Олимпико, Фелипе Андерсон и Педро го израдуваа Лацио (ВИДЕО)

Лацио го совлада Интер вечерва на дербито на „Олимпико“ во Рим во првиот меч од третото коло, и за момент се искачи на првото место на табелата во Серија „А“. „Лацијалите“ на крајот беа подобри и славеа со 3-1.

Водство за Лацио донесе Фелипе Андерсон во 40. минута откако со глава погоди по прекрасната асистенција на Милинковиќ-Савиќ.

Сепак, на стартот од вториот дел Интер се врати со гол на Мартинез кој израмни на 1-1. Откако пропушти неколку шанси за пресврт, следуваа минути за Лацио.

Најпрво Луис Алберто прекрасно погоди во 75. минута и со својот втор гол донесе водство. Во 86. минута нововлезениот Педро ги постави конечните 3-1.

Се вчитува...