Интер се спаси од пораз во контролата против швајцарски Лугано (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Интер го совлада Лугано во контролен меч по изведување на пенали откако по 90 минути резултатот беше 2-2. Швајцарците можат да жалат што не стигнаа до победа бидејќи пропуштија предност од 2-0 која ја имаа со головите на Јовриќ во 30. и Фачинети во 35. минута.

До крајот на првиот дел Дамброзио намали на 2-1 во 38. минута Во вториот дел Сатриано во 54. минута израмни на 2-2 резултат кој беше активен по 90. минута. Се премина во изведување на пенали во кои „нероаѕурите“ подобро се снајдоа.

 

 

Се вчитува...