Интер стигна до нова победа во Калчо-лигата со пресврт во второто полувреме, откако „нероаѕурите“ славеа со 1-3 на гостувањето против Фиорентина. Откако на сличен начин беа подобри и од Верона пред петнаесетина дена, избраниците на Симоне Инзаги повторно имаа проблеми во првото полувреме, но со фуриозни пет минути во вториот дел целосно го свртеа мечот во своја полза.
Дармијан израмни на 1-1, а неколку минути подоцна следеше и победничкиот погодок на Един Џеко, кој скокна највисоко по корнерот од десната страна. Фиорентина го заврши мечот со десет фудбалери по исклучувањето на Гонзалез во 78. минута, откако овој фудбалер доби прв жолт картон за приговор, а веднаш потоа и втор бидејќи му аплаудираше на судијата за ваквата одлука. Предноста од фудбалер повеќе Интер ја круниса во 87. минута, кога по една одлична тимска акција Перишиќ немаше проблеми од непосредна близина да ја смести топката во мрежата.
Аталанта врза две победи во серија триумфирајќи на домашен терен против Сасуоло со 2-1. Госенс и Запакоста донесоа рано водство на Аталанта од 2-0, гостите уште пред крајот на полувремето намалија на 2-1 преку Берарди, но избраниците на тренерот Гасперини успеаја да ја задржат предноста до самиот крај.
Fiorentina 1-1 Inter Milan | GOAL! Darmian 🎥
to never miss any goal, Follow 👇🏼@IFAST66 pic.twitter.com/OXgJdTPUwr
— Follow @IFAST66 (@ifast222) September 21, 2021
Fiorentina 1-2 Inter Milan | GOAL! Dzeko 🎥
to never miss any goal, Follow 👇🏼@IFAST66 pic.twitter.com/skiFIjQDW0
— Follow @IFAST66 (@ifast222) September 21, 2021
Fiorentina 1-3 Inter Milan | GOAL! Perisic 🎥
to never miss any goal, Follow 👇🏼@IFAST66 pic.twitter.com/a9Ml0sLTxx
— Follow @IFAST66 (@ifast222) September 21, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА