Интер и по дванаесет одиграни кола се уште е без пораз во Серија А, откако „нероаѕурите“ попладнево одиграа 1-1 на домашен терен против Торино.
Иако стануваше збор за меч на кој тимот на Лучијано Спалети важеше за фаворит, домаќините едвај стигнаа до бод, со голот на Едер на десет минути до крајот. Интер имаше повеќе шанси, но казната за промашувањата стигна во 60. минута, кога Фалке со прекрасен гол од дваесетина метри го матираше Хандановиќ. Торино имаше идеална можност да ги разреши дилемите околу победникот, но Оби не реализираше од одлична ситуација.
Едер беше стрелец на израмнувачкиот гол по несебичното додавање на Икарди, а „нероаѕурите“ имаат за што да жалат откако „бомбата“ на Весино во 89. минута заврши само во гредата од голот на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА