Италијанскиот калчолигаш Интер по подолго време се враќа во Лигата на шампионите од следната сезона и тренерот Лучијано Спалети сака да ја зголеми конкуренцијата во тимот на сите позиции. Иако капитенот Мауро Икарди е неприкосновен во шпицот на нападот, тој посакува да го види и австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ на „Џузепе Меаца“. За ово задоволство е подготвен да плати 30 милиони евра.
Интересно е дека Арнаутовиќ пред девет години беше дел од Интер, дојде како позајмен играч и одигра само три натпревари за „нероаѕурите“. Но, сега е веќе искусен напаѓач, а Спалети смета дека би бил од голема помош и во Лигата на шампионите и во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА