Во одличен фудбал минуваат првите 30 минути од големото дерби меѓу Интер и Јувентус, откако домаќините први поведоа, но „старата дама“ експресно направи пресврт и поведе со 1-2.
Зиелиски го доведе Интер во водство со прецизно изведен пенал, откако Данило со несмесна интервенција им подари удар од белата точка на домаќините.
Тоа беше знак за будење за „старата дама“ која за шест минута направи целосен пресврт. Влаховиќ немаше тешка задача да стрела за 1-1 по несебичното додавање на Мекени, Интер беше во шок, а Јуве го искористи тоа и поведе со 1-2 преку Веа, на асистенција на Консеисао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА