Интер шокиран од Флуминенсе: Елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер ги завршија своите настапи на Светското клупско првенство, откако крајно изненадувачки доживеаја пораз во осминафиналната пресметка од бразилски Флуминенсе со 0-2.

Бразилеците уште во 3. минута од средбата, со голот на Аргентинецот Герман Цано дојдоа до предност од 0-1.

Во продолжението Интер доминираше, но немаше среќа да дојде до израмнување, а во 88. минута и стативата го спаси Флуминенсе по шутот на Лаутаро Мартинез.

Па, во 93. минута со голот на Херкулес, Флуминенсе дојде и до конечните 0-2.

Се вчитува...