Интер пропушти да го превземе врвот на табелата во Серија „А“ после вчерашниот „кикс“ на Милан, и загуби од Сасуоло на домашен терен на „Џузепе Меаца“.
Актуелниот првак одигра слабо во првиот дел, и со головите на Распадори во 8. минута и на Скамака во 26. минута Сасуоло дојде до 0-2.
Во вториот дел Интер се обиде да се врати, но не само што не успеа во тоа, туку не постигна ниту гол. Даде еден погодок во финишот, но беше поништен.
Сега Интер заостанува два бода од Милан, и има еден натпревар помалку од својот ривал. Наполи е трет со 53 бодови, и се очекува неизвесна трка за „Скудетото“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА