Интер си направи од готово – вересија, Пандев и Џенова сигурни

Интер и по второто коло од „Серија А“ се уште е без триумф откако „нероаѕурите“ на поразот од Сасуоло се надоврзаа со реми на домашен терен против Торино од 2-2. Лучијано Спалети и неговите избраници имаат за што да жалат бидејќи победата им беше на дофат со головите на Перишиќ и на Де Фрај, за во второто полувреме да ја прокоцкаат предноста и Белоти и Меите да донесат реми за гостите од Торино. Гостинскиот состав можеше да направи и целосен пресврт, но не искористи неколку убави шанси, за најубавата можност за трет гол во 91. минута да ја пропушти Перишиќ, чиј извонреден удар беше фантастично одбранет од страна на Сиригу.

Горан Пандев и Џенова ја стартуваа новата сезона (мечот од првото коло со Милан им беше одложен) со сигурна победа од 2-1 над Емполи. Пиатек и Кунаме ги разрешија дилемите околу победникот за само 18 минути игра, ппо што Џенова рутински ја одржа предноста до самиот крај. Пандев беше стартер за домашниот тим, напуштајќи ја играта во 54. минута.

Фиорентина убедливо славеше во пресметката со Киево со 5-1, додека Удинезе го доби дуелот со Сампдорија со 1-0 благодарение на погодокот на Де Пол веќе во 9. минута.

Резултати Италија:

СПАЛ – Парма 1-0, Калјари – Сасуоло 2-2, Фиорентина – Киево 5-1, Фросиноне – Болоња 0-0, Џенова – Емполи 2-1, Интер – Торино 2-2, Удинезе – Сампдорија 1-0.

Се вчитува...