Интер ја запиша и втората победа сезонава во Серија А, триумфирајќи со 2-1 во 4. коло од шампионатот против Сасуоло.
„Нераѕурите“ поведоа со голот на Димарко уште во 14. минута од средбата.
Останатите возбудувања на мечот се случија во самиот финиш од натпреварот. Најпрво Карлос Аугусто во 81. минута зголеми и на 2-0, но гостите веќе во 84. минута преку Кедира намалија за конечни 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

