Италијанскиот калчолигаш Интер планира агресивна кампања во летниот преоден рок, а прв „пик“ на раководството на клубот е Марко Верати. Челниците на „нероаѕурите“ се решени да го вратат италијанскиот репрезентативец во родната земја, а за тоа веќе имаат подготвено 100 милиони евра.
Верати има договор со ПСЖ до 2020 година, а за него сериозен интерес појавува и Барселона, која во него го гледа наследникот на Андрес Иниеста. Но, Интер има сериозна сума за засилувања на располагање за претстојново лето и првиот конкретен обид ќе го има токму со Марко Верати.
Играчот за врска во ПСЖ има годишна плата од 7,5 милиони евра, а Интер е подготвен да му понуди зголемување за околу 2 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА