Позната е сумата со која Интер ќе се обиде да ги добие услугите на хрватскиот репрезентативец од редовите на Барселона, Иван Ракитиќ.
Како што пренесува каталонски „Спорт“, Интер е подготвен да плати 90 милиони евра за од јуни да го купи Ракитиќ.
„Веќе се активирани првите понуди до Барселона. Интер е подготвен да плати 90 милиони евра за од јуни да го добие Ракитиќ, за кого веќе ‘нераѕурите’ подготвиле петгодишен договор вреден пет милиони евра по сезона“ – пишува „Спорт“.
Претходно, како што е познато, Интер сакаше да го доведе Лука Модриќ од Реал Мадрид. Откако не успеаја во таа намера, сега комплетно се насочени на Ракитиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА