Интер дојде до петтата победа во пет кола во Серија „А“ откако го совлада Емполи на гостински терен. Со тоа „нероазурите“ продолжуваат со одличните резултати во домашниот шампионат, покажувајќи дека се решени да ја вратат шампионската титула во своите витрини.
Стрелец на единствениот гол беше Федерико Димарко кој во 51. минута со прекрасен гол го матираше Бериша и донесе триумф на својот тим.
Интер одново оствари победа со „чиста мрежа“, а Емполи остана на дното на табелата без освоен бод, но и без постигнат гол во досегашните пет кола од Серија „А“.
Тимот на Симоне Инзаги имаше уште неколку шанси за поубедлив триумф, но не ги искористи. Шанси во финишот имаше и Емполи да дојде до бод, но остана на без постигнат гол во петте натпревари во италијанскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

