Интер со голот на Турам ја реши Рома (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер дојдоа до повеќе од важна победа во дербито на 10. коло од Серија А, славејќи со 1-0 против Рома на „Џузепе Меаца“.

„Нераѕурите“ до триумфот стигнаа со погодокот на Турам во 81. минута од средбата, успевајќи на крајот да го скршат отпорот на гостите.

Со оваа победа Интер повторно се врати на врвот од табелата со 25 бода, два повеќе од второпласираниот Јувентус.

Се вчитува...