Трансферот на Хакан Чалханоглу во Галатасарај е се понеизвесен, откако европскиот вицепрвак Интер ја одреди цената за 31-годишниот турски репрезентативец. „Нероазурите“ им испратија јасна порака до челниците на тимот од Истанбул.
Ако сакаат да го видат играчот од средниот ред, тогаш треба да дадат 30 милиони евра на Интер. Галатасарај не се надеваше на ваков исход, и сметаше дека ќе го има играчот за помалку, односно за максимум 20 милиони евра.
Самиот Чалханоглу изрази желба да оди во Галатасарај, дури настана караница во Интер поради него после неуспехот на Светското клупско првенство. Доколку Галатасарај оваа сума не ја исплати, тогаш Турчинот ќе мора да се појави на подготовките на италијанскиот тим закажани за 26. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

