Интер со контрапонуда до Барселона за Лаутаро

Трансферот на Лаутаро Мартинез од Интер во Барселона е се поизвесен, личните услови се веќе договорени, но каталонскиот гигант се обидува да најде начин да не ја плати целата клаузула од 110 милиони евра за раскин на договорот што Аргентинецот го има со „нероаѕурите“.

Барса веќе испрати неколку понуди од пари плус фудбалери, челниците на Интер не прифатија ниту една од нив, а италијанскиот гигант во меѓувреме одговори со контрапонуда до актуелниот првак на Ла Лига. „Нероаѕурите“ го бараат Антоан Гризман во директна размена за Лаутаро. Опцијата е интересна и за каталонскиот клуб, кој во ситуација кога го бара и Нејмар крај Лаутаро сигурно ќе биде пренатрупан со „ѕвезди“ во нападот, па Гризман ќе биде ставен на продажба.

Единствен проблем претставува платата од 23 милиони евра по сезона што францускиот ас ја заработува во Барса, а што во Интер немаат намера да ја израмнат. Понудата на „нероаѕурите“ до Гризман изнесува 17 милиони евра плус бонуси, а доколку тој прифати намалување на платата двата клуба лесно би постигнале договор за директна размена на голгетерите.

Се вчитува...