Фудбалерите на Интер се освојувачи на трофејот во Копа Италија, откако во еден неверојатен натпревар славеа над Јувентус по продолженија со (2-4). „Нероаѕурите“ брзо стигнаа до водство со 1-0 со евроголот на Николо Барела.
Тимот од Торино имаше „блицкриг“ на стартот на второто полувреме и со двата гола на Алекс Сандро во 50. и Душан Влаховиќ во 53. минута стигна до целосен пресврт (2-1). На крајот тимот од Милано успеа да израмни од пенал преку Чалханоглу на (2-2), по можеби и најсмешниот пенал сезонава откак Лаутаро Мартинез сам ја постави својата нога на Бонучи и падна, по што главниот судија досуди удар од белата точка.
Во продолженијата Перишиќ во 98. минута повторно од пенал донесе водство за Интер од 2-3, додека конечните 2-4 ги постави истиот фудбалер во 102. минута. По се што се случуваше на теренот збесна тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри кој во 104. минута доби директен црвен картон.
За Интер ова е осми трофеј во Копа Италија.
Juventus 2 – [4] Inter – Ivan Perisic 102′ (Great Goal) [Coppa Italia Final] from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА