Хари Мегваер би можел да си замине од Манчестер Јунајтед пред самиот крај на овој преоден рок откако италијанскиот гигант искажал интерес да го доведе најскапиот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ во своите редови. Информацијата прв ја објави британскиот весник „Дејли Мејл“, обелоденувајќи дека првиот контакт е воспоставен пред неколку дена, а „нероаѕурите“ доставиле и понуда за позајмица до крајот на сезонава.
Италијанскиот клуб остана шокиран по информацијата дека Милан Шкринијар наместо да потпише нов договор, прифатил летен трансфер во ПСЖ без никаква отштета за „нероаѕурите“. Сега управата на Интер прави се што може за да се договори со „светците“ да го земат Шкринијар во јануари, но понудата од Франција изнесува скромни 15 милиони евра, наспроти 60-те милиони што Интер ги одби минатото лето.
Словакот е на излезна врата и големи се шансите дека во следните 24 часа ќе си замине од Интер, а „нероаѕурите“ на Мегваер гледаат како на идеален кандидат за негов наследник. Тен Хаг не смета сериозно на Англичанецот во досегашниот дел од сезоната и е подготвен да даде зелено светло за овој трансфер, но се очекува Јунајтед да инсистира и на вметнување на задолжителна клаузула за откуп на крајот од сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА