Интер со порака до Ериксен: Ќе бидеш засекогаш во нашите срца!

Денеска една од најубавите трансфер приказни е трансферот на Кристијан Ериксен во тимот на Брентфорд. Откако данскиот фудбалер мина низ една животна голгота минатата година, откако на ЕП имаше срцев напад и едвај преживеа, па половина година подоцна, тој се враќа во фудбалот и тоа во Англија.

Законите во Серија А се јасни, фудбалери со вграден дефибрилатор не можат и не смее да им биде дозволено да играат, така да Интер со кнедла во грло, мораше да му соопшти да си бара нов клуб. Откако Данецот се договори со Брентфорд, Интер денеска му го честита овој трансфер.

„Среќно во новата авантура Кристијан. Среќни сме што те гледаме назад на терен. Засекогаш во нашите срца“, порачаа од Интер.

 

 

 

 

Се вчитува...