Интер со посебно искуство за навивачите кои не стигнаа до карти за финалето на ЛШ

Навивачите на Интер, кои немаа среќа да дојдат до билети за големото финале во Лигата на шампионите, ќе можат да го гледаат натпреварот на „Џузепе Меаца“, потврди миланскиот клуб.

Во финалето на Лигата на шампионите, Интер ќе игра против Пари Сен Жермен во Минхен, а јасно е дека нема доволно билети за секого, а не секој има можност да плати за ова патување. Затоа, Интер ќе го пренесува натпреварот на големи видео екрани на стадионот.

Целата програма на „Меаца“ ќе почне во 19 часот, кога ќе бидат отворени портите на стадионот. Натпреварот започнува во 21 часот, а билетите ќе чинат само 10 евра.

Се вчитува...