Италијанскиот и европски вицепрвак Интер, лесно го реши Каљари со 2-0 не негов терен, и дојде до третиот триумф во сезоната во Серија „А“. За „неоразурите“ ова беше и прв триумф на гостински терен во новиот шампионат.
Победата ја најави Лаутаро Мартинез во деватата минута. Откако доби топката од Бастони, Лаутаро беше прецизен во голот на домаќините и донесе предност.
Иако не блескаше со својата игра, Интер успеа да го реши прашањето на победникот во 82. минута. Еспозито беше стрелец на додавање на Димарко за конечни 2-0. Претходно Каљари можеше и да израмни, но Фолоруншо ја погоди стативата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

